• петок, 05 јули 2024

Тотенхем сака да го ангажира Облак на местото на Лорис

Тотенхем сака да го ангажира Облак на местото на Лорис
Лондон, 29 септември 2022 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем е заинтересиран за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, објави „Ивнинг Стандард“. Спарс го гледаат 29-годишниот Словенец како замена за сегашниот голман на тимот, 35-годишниот Уго Лорис. На Тотенхем му е приоритет да го купи Облак и планира да го ангажира следното лето. Претходно беше објавено дека и Манчестер јунајтед е сериозен во намерата да го донесе Облак на „Олд Трафорд“. Во сезоната 2022/23, Облак прими шест гола на шест натпревари за Атлетико и имаше два натпревара со „сува мрежа“. Договорот на словенечкиот голман со мадридскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Облак на 40 милиони евра. зс/

Остани поврзан