• петок, 05 декември 2025

Тотенхем подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо

Тотенхем подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо

 

Лондон, 25 август 2025 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Савињо, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави денеска „Токспорт“.

Според истиот извор, 21-годишниот Бразилец е приоритетна цел на Тотенхем, откако лондонскиот клуб не успеа да го донесе во своите редови Еберечи Езе, кој потпиша за градскиот ривал Арсенал.

Тотенхем е подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо.

Во сезоната 2024/25, Савињо одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три голови, а додаде и 13 асистенции. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан