• петок, 22 ноември 2024

Тотенхем нуди 60 милиони фунти за Лаутаро Мартинез

Тотенхем нуди 60 милиони фунти за Лаутаро Мартинез
Лондон, 8 август 2021 (МИА) – Раководството на премиерлигашот Тотенхем преговара со Интер за трансфер на фудбалерот Лаутаро Мартинез и подготвени се да платат 60 милиони фунти за аргентинскиот напаѓач. Мартинез минатата сезона ја освои италијанската титула со Интер, а на 38 првенствени натпревари постигна 17 голови. Интер во новата сезона најверојатно ќе остане без главниот напаѓач Ромелу Лукаку, кој според последните информации веќе ги договорил личните услови со Челзи. ег/гт/

Остани поврзан