• сабота, 06 јули 2024

Торонто ги загуби првите три натпревари во регуларниот дел од сезоната за прв пат по 15 години

Торонто ги загуби првите три натпревари во регуларниот дел од сезоната за прв пат по 15 години
Торонто, 30 декември 2020 (МИА) – Екипата на Торонто загуби од Филаделфија (93:100) во ноќешниот натпревар од новата сезона во НБА-лигата. Овој пораз беше трет во трите натпревари од сезоната 2020/2021 за канадскиот тим. „Репторс“ го бележат својот најлош старт во последните 15 години. Торонто последен пат започна со три последователни порази во 2005/2006 година. Тогаш тимот загуби девет натпревари по ред. Следниот натпревар на Торонто е на 1 јануари против Њујорк. зс/

Тагови

Остани поврзан