• четврток, 27 јуни 2024

Том Круз по грешка ќе влезел во автомобилот на британскиот премиер

Том Круз по грешка ќе влезел во автомобилот на британскиот премиер

Лондон, 5 јyни 2024 (МИА) - Том Круз доживеа непријатна случка откако слета на хелиодром во лондонската населба Батерси и се упати кон автомобилот наменет за - британскиот премиер Риши Сунак.

Познатиот глумец тргна кон автомобилот, но потоа сфаќа дека тоа не е наменето за него, па се упати кон другото возило, поздравувајќи ги обожавателите. На видеоснимката потоа се гледа и како британскиот премиер потоа влегува во автомобилот наменет за него. Видеото за кусо време собра 8,7 милиони прегледи и бројни коментари на сметка на Круз, но и на Сунак.

„'Невозможна мисија' е добар слоган за изборната кампања на Сунак“, „Едниот од нив е на невозможна мисија, а другиот е Том Круз“ - гласат дел од шегите.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан