• петок, 05 јули 2024

Том Брејди ќе земе 60 милиони за 2 години во Тампа Беј

Том Брејди ќе земе 60 милиони за 2 години во Тампа Беј
Тампа Беј, 19 март 2020 (МИА) - Том Брејди ги смени Њу Ингланд со Тампа Беј, откако доби договор за 2 години,споредкој ќе добие 60 милиони долари. Приордно, во оваа цифра не влегуваат и бонусите. Со пристигнувањето на Брејди, локалната економија ќе оживее - тоа е „цената“ да имаш вистинска легенда во својот состав. Во целата своја историја, Тампа Беј има едвај 6 победи во плејофот, а Брејди има толку шампионски прстени. Сепак Тампа може да се пофали со еден „Супербол“ - во сезоната 2002, точно меѓу првите три на Том, освоени меѓу 2001 и 2004 година. Пред неколку дена новиот тим на легендарниот квотербек пушти во продажба сезонски билети, кои беа по прифатливи цени - најлошите места се продаваат за 350 до 700 долари, а најскапите од 1.600 до 3.500. Во нив не влегуваат ложите. По веста за доаѓањето на Брејди, нештата се променија од корен. Се очекува раст при продажбата на билети, како и во нивната цена. А тимот, кој ретко успевал да ги продаде овие карти, веќе има листа на чекање - за неколку часови, барањата го надминаа за 10 илјади капацитетот, пуштен за сопственици на сезонски билети.

Остани поврзан