Томпсон: Кари ме нарекува енциклопедија во движење
- Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон, зборуваше во подкастот на Пол Џорџ за тоа зошто соиграчот Стеф Кари го нарекува „енциклопедија што оди“.
Сан Франциско, 21 август 2023 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон, зборуваше во подкастот на Пол Џорџ за тоа зошто соиграчот Стеф Кари го нарекува „енциклопедија што оди“.
- Сакам да прелистувам историски статии на Википедија. Само читам факти за кои најверојатно нема да ми требаат во животот, но ако некогаш одам на квиз, ќе бидам подготвен. Кога ми е досадно, наместо да одам на социјалните мрежи и да читам коментари со омраза, одам на Википедија и учам нешто ново, рече Томпсон.
Триесет и тригодишниот кошаркар во текот на својата кариера има освоено многу награди и признанија, меѓу кои четири шампионски титули во НБА-лигата, златни медали со САД на Светското првенство 2014 и Олимписките игри 2016 година. зс/
Фото: ЕПА