Томовски: Сите функциониравме како едно
- Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции
Хернинг, 18.јануари 2026 (МИА) – Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции.
- Среќни сме, но исто така и жалиме што можеби пропуштивме шанса и да победиме, ама мора да се признае дека покажавме добра психолошка состојба во второто полувреме, во кое иако губевме не се предадовме и резултатски се вративме. Сите функциониравме како едно, ги минимизиравме грешките, бевме сплотени, во нападот функциониравме беспрекорно и на крајот стигнавме до нерешено.
За следниот натпревар Томовски не губи надеж да дојдеме до посакуваниот резултат.
- Чуда се случуваат. Со Фарски Острови во Македонија покажавме дека може да се радуваме, да надополниме голема разлика и се надевам дека може да одиме во следната фаза, изјави Томовски, кој дуелот го заврши со осум одбрани.
Дуелот со Романија македонските ракометари го играат во вторник од 18 часот. мн/
Фото: РФМ