• петок, 05 декември 2025

Томас Милер ја освои 36. титула и го постигна 300. гол

Томас Милер ја освои 36. титула и го постигна 300. гол

 

Ванкувер, 2 октомври 2025 (МИА) – Поранешниот германски репрезентативец Томас Милер изминатата вечер стана најуспешниот фудбалер во историјата на неговата земја, откако го предводеше Ванкувер до четвртата последователна титула на Купот на Канада, постигнувајќи, притоа, и еден гол.

Ванкувер триумфираше над градскиот ривал Ванкувер со 4-2, а Милер додаде и асистенција. Милер, кој со Германија ја освои на светската титула во 2014 година, на тој начин стигна до 36. титула во својата кариера и го постигна својот 300. професионален гол.

Милер неодамна се опиша себеси во изјава за „Спорт Билд“ како „најуспешниот освојувач на титули во Германија“, но, притоа ја дообјасни својата изјава:

„Прашањето е секогаш како овие титули се валидни. Некои луѓе го освојуваат националното првенство почесто, додека други имаат повеќе победи во Лигата на шампиони“, објасни 36-годишниот Милер.

„Статистиката е прекрасна работа, ништо повеќе, ништо помалку“, додаде поранешниот играч на Баерн Минхен. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан