• вторник, 19 ноември 2024

Токајев отпушти локални раководители за безредијата во Казахстан

Токајев отпушти локални раководители за безредијата во Казахстан
Астана, 10 февруари 2020 (МИА) - Претседателот на Казахстан Касим Токајев ги отпушти директорот на полицијата и заменик гувернерот на Жамбил, каде што во инцидент во текот на викендот загинаа десет лица, а десетици се повредени.

Безредијата се случија во петокот вечерта во јужен Казахстан.

Според министерот за информации и социјален развој Дарен Абаев, причината за безредијата е конфликт предизвикан од провокатори кои се обиделе недоразбирањата да ги пренесат на теренот на етничка нетрпеливост. Во инцидентот беа запалени десетици куќи и автомобили.

Токајев веднаш формираше владина комисија. Тој за насилството претходно ги обвини „провокаторите“, кои, како што рече, го искористиле чинот на хулиганство за да предизвикаат поголеми меѓуетнички судири и истакна дека локалното раководство треба да биде казнето бидејќи не успеало тоа да го спречи.

Полицијата уапси 40 лица и затвори голем број продавници во главниот град Аламтиј, за да спречи натамошни судири. паг/

Остани поврзан