• понеделник, 23 декември 2024

Тодоров го скрати списокот за дуелите со Естонија и Русија

Тодоров го скрати списокот за дуелите со Естонија и Русија
Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров денеска го објави списокот со 15 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во квалификациите за Европското првенство 2021. Тодоров ги повика следниве играчи: Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција) Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија) Стојан Ѓуроски (Евре-Франција) Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија) Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија) Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија) Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром) Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје) Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје) Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци) Марко Симоновски (без клупски ангажман) Противник на македонската селекција на 20 февруари ќе биде Естонија, а три дена подоцна Русија. зс/

Остани поврзан