• петок, 22 ноември 2024

Тодоровиќ: Ковид сертификатите ќе се користат во кафулиња, ресторани, барови и ноќни клубови

Тодоровиќ: Ковид сертификатите ќе се користат во кафулиња, ресторани, барови и ноќни клубови
Белград, 12 септември 2021 (МИА) - Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Бранислав Тодоровиќ, зборувајќи за Ковид сертификатите, чиешто можно воведување вчера го најави премиерката Ана Брнабиќ, изјави дека тие имаат за цел да се обезбедат оние што се одговорни и кои ја примиле вакцината, како и оние кои се контролирааат со тестови и кои ја прележале оваа заразена болест, а се ова во овој сертификат мора да биде напишано, јави дописникот на МИА од Белград. Тодоровиќ нагласи дека Ковид сертификатите ќе се користат во внатрешноста на ноќните клубови, барови, ресторани и кафулиња. Премиерката Брнабиќ ги потврди овие ставови и додаде дека во моментов се размислува полека да се воведат сертификати во оние места каде што не е неопходно граѓаните да престојуваат, како што се кафулиња, ресторани и ноќни клубови. - Ние сите овие денови и недели, гледавме како тоа беше можно во некои други земји, на пример за малопродажните објекти каде што не можете да ги условите луѓето да влезат да купат леб или млеко. Не можете ниту да ги условите секој ден да плаќаат за тестови за да можат да влезат во маркетите. Она што го разгледавме во овој момент е дека полека се подготвуваме да воведеме пропусници во оние места каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, така што нивниот живот нема да зависи од тоа. Во затворените простории, во кафулиња, барови, ресторани и ноќни клубови, изјави Брнабиќ. об/паг/

Остани поврзан