• петок, 22 ноември 2024

Товарните возила кои немаат дозвола од Санитарниот инспекторат ќе се пропуштаат за влез и излез од државата

Товарните возила кои немаат дозвола од Санитарниот инспекторат ќе се пропуштаат за влез и излез од државата
Скопје, 20 март 2020 (МИА) - Професионалните возачи на товарни возила кои влегуваат и излегуваат од државата, а не поседуваат дозволи издадени од Санитарниот и здравствен инспекторат ќе бидат пропуштени на граничните премини, но мора дозволата да ја обезбедат најдоцна до 24 март. Ваква одлука донесе вечерва Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски. - На предлог на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Владата заклучи да се измени Заклучокот под реден број 5 од Дваесеттата седница на Владата, одржана на 16 март 2020 година и да гласи - Професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат и излегуваат од Република Северна Македонија, а кои не поседуваат дозволи издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да бидат пропуштени на граничните премини при влез и излез, но истите се должни да ја обезбедат и приложат дозволата не подоцна од 24 март 2020 година, се наведува во соопштението од Владата. бак/дма/

Остани поврзан