• петок, 22 ноември 2024

Тихановскаја ставена на списокот на барани лица во Русија

Тихановскаја ставена на списокот на барани лица во Русија

Москва, 7 октомври 2020 (МИА) - Белоруската кандидатка на опозицијата на неодамнешните претседателски избори во државата, Светлана Тихановскаја е ставена на списокот на барани лица во Русија.

Руски медиуми јавија дека лидерот на опозицијата, Тихановскаја, по која официјално се трага во Белорусија, „се бара според член од Кривичниот законик“, но не е прецизирано кој член.

Главниот противник на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на изборите на 9 август, беше обвинета во Белорусија за нарушување на националната безбедност. паг/

Остани поврзан