• четврток, 14 ноември 2024

Тите доби отказ во Фламенго

Тите доби отказ во Фламенго


Рио де Женеиро, 30 септември 2024 (МИА) – Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго денеска го отпушти тренерот Тите.
Должноста на негово место до крајот на годината ќе ја извршува поранешниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Филипе Луис, кој досега беше тренер на една од младинските екипи на Фламенго.
Тите доби отказ ден по победата од 1-0 против Атлетико Паранаенсе во натпревар од бразилската лига на кој тренерот на Фламенго беше исвиркан од навивачите.
Тите имаше договор до крајот на годината.
Фламенго в среда ќе игра против Коринтијанс во полуфиналето на Купот на Бразил и тоа е последната шанса на клубот да освои трофејот оваа година.
Тите ја предводеше репрезентацијата на Бразил на СП во 2018 и 2022 на кои беше елиминиран во четвртфиналето. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан