• петок, 28 јуни 2024

Тим на ДЗС спаси двајца планинари на Шар Планина

Тим на ДЗС спаси двајца планинари на Шар Планина
Скопје, 30 јануари 2022 (МИА) - Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно пронајде и спаси двајца планинари на Шар Планина, објави ДСЗ на својот Фејсбук профил. - Успешно пронајдени и спасени планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во објавата. ДЗС посочува дека еден од планинарите бил повреден и му била извршена брза интервенција на коленото. - Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон село Вешала, се додава во објавата. Станува збор за двајца планинари кои пријавиле дека се повредени, а се наоѓале над селото Вешала, на патека што води кон врвот Кобилица, во близина на границата кон Косово. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан