• четврток, 04 јули 2024

Тимот на „Комерцијална банка“ победници на „Business Run 2020/21“

Тимот на „Комерцијална банка“ победници на „Business Run 2020/21“
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) - Тимот на „Комерцијална банка„ од Скопје составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски се победници на штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница „Business Run 2020/21“, која се одржа викендов во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје. - На патеката на кејот на Вардар, кај хотелот Парк во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 60 тимови од македонскиот бизнис сектор. Првото место го освои тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на домаќините „Фитнес & Спа Парк“, а третото место му припадна на тимот на „Унибанка“ соопштија од „Прв до врв“. Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови беа Сања Костуранова од тимот на „Фитнес & Спа Парк“ кај жените и Пепи Анакијев од „Кликни Јади“ кај мажите. Ова беше петто издание на трката, кое требаше да се одржи минатата есен, но заради здравствените мерки беше одложено за оваа пролет. Организаторит најавуваат дека следното издание на трката ќе биде во нејзиниот редовен термин, во октомври оваа есен.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан