• четврток, 04 јули 2024

Тимот „Data Grabbers“ победник на третиот хакатон за отворени податоци за студенти и стартапи

Тимот „Data Grabbers“ победник на третиот хакатон за отворени податоци за студенти и стартапи
Скопје, 29 март 2022 (МИА) - Третото издание на хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот Data Grabbers“ го понуди најкреативното софтверско решение во рамките на хакатонот којшто одржуваше од 24 до 27 март во организизација на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Како што информираат организаторите, за учество на хакатонот се пријавиле 24 учесници и биле формирани пет работни тимови. Тимовите имале задача да изготват софтверски решенија за визуелизација на податоци, поврзување на две или повеќе бази на податоци или олеснување на процесот на ажурирање на јавно достапните бази на податоци објавени од страна на една или повеќе јавни институции. Победничкиот тим понудил концепт за веб апликација која ќе овозможи мапирање на сите фармацевтски и здравствени установи во Северна Македонија, како и споредба на цените на производите и услугите. Во следните неколку месеци, победничкиот тим ќе работи со Фондација Метаморфозис на развивање на софтверското решение. Тимот ќе добие финансиска поддршка од 3.000 американски долари  наменета за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.свс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан