• петок, 22 ноември 2024

„Тик-ток“: Дел од вработените имаат пристап до податоците на корисниците од ЕУ

„Тик-ток“: Дел од вработените имаат пристап до податоците на корисниците од ЕУ

Лондон, 3 ноември 2022 (МИА) - Кинеската платформа за споделување видеа, „Тик-ток“ потврди дека некои од вработените лица на компанијата во Кина имаат пристап до податоците на корисниците од Европската Унија, но и Велика Британија.

Од кинеската компанија велат дека политиката се однесува на „Европската економска област, Обединетото Кралство и Швајцарија“. Според известувањето, „политиката за приватност се заснова на потребата вработените да ја вршат својата работа“. Ова наиде на критики од властите ширум светот, поради загриженоста дека податоците од корисниците може да се пренесат на кинеската Влада. Американски официјален претставник побара и апликацијата да биде забранета во САД. Одговорната за приватност на „Тик-ток“ за Европа, Елејн Фокс истакна дека глобалниот тим помогнал корисничкото искуство да биде конзистентно, пријатно и безбедно. - Иако „Тик-ток“ во мигов ги складира податоците на европските корисници во САД и Сингапур, платформата сепак дозволува одредени вработени во корпоративната група кои се наоѓат во Бразил, Канада, Кина, Израел, Јапонија, Малезија, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја и САД, имаат далечински пристап до европските кориснички податоци. Нашите напори се кон ограничување на бројот вработени кои имаат пристап до податоците на корисниците од Европа, минимизирање на протокот на податоци вон тоа подрачје и локално складирање на податоците на европските корисници, изјави Фокс. Таа, исто така, рече дека „овој пристап е предмет на низа силни безбедносни контроли, протоколи и методи за одобрување“, признати според Општата регулатива за заштита на податоците. Сепак, службеникот на Управата за заштита на податоците во САД, Брендан Кар претходно повика платформата да биде забранета во земјата. Апликацијата е под истрага и во Ирска. И британскиот Парламент во август го затвори својот профил, и ставот е дека треба да остане затворен сѐ додека „Тик-ток“ не даде „веродостојни гаранции“ дека Пекинг нема пристап до податоците. „Тик-ток“, инаку, е најбрзо растечка апликација за социјални медиуми во светот. Преземена е скоро 4 милијарди пати, а има вкупно над 6,2 милијарди долари бруто-приход, откако се појави 2017 година.  си/

Остани поврзан