• недела, 22 декември 2024

Тејтум: Трофејот ми значи цел свет

Тејтум: Трофејот ми значи цел свет

Бостон, 18 јуни 2024 (МИА) – Најголемата ѕвезда на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум е пресреќен што конечно успеа да дојде до шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

-Шампионската титула ми значи како цел свет. Толку долго го чекавме овој момент. Проклето сум благодарен, беше првиот коментар на Тејтум по големиот успех.

Бостон селтикс рано утрово го совлада Далас маверикс со 106:88 и ја заокружи финалната серија со 4:1 во победи.

Титулата е 18-та за Бостон што е нов рекорд во историјата на НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан