• среда, 03 јули 2024

Тејтум се искачи на второто место во трката за МВП, лидер и натаму Јокиќ

Тејтум се искачи на второто место во трката за МВП, лидер и натаму Јокиќ

Денвер, 20 јануари 2023 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, продолжува да ги предводи кандидатите за МВП на сезоната во НБА. Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум се искачи на второто место, додека првата ѕвезда на Филаделфија, Џоел Ембиил е трет.

Словенецот од Далас маверикс, Лука Дончиќ кој беше втор, падна на четвртото место, а лидерот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо е во Топ 5.

Топ – 10 играчи во трката за МВП на НБА-лигата сезона 2022/23.

1. Никола Јокиќ (Денвер)
2. Џејсон Тејтум (Бостон)
3. Џоел Ембиид (Филаделфија)
4. Лука Дончиќ (Далас)
5. Џанис Антетокунмпо (Милвоки)
6. Џа Морант (Мемфис)
7. Кевин Дурент (Бруклин)
8. Донован Мичел (Кливленд)
9. Шеј Гилгес-Александер (Оклахома)
10. Џејлен Браун (Бостон). зс/

Остани поврзан