• недела, 22 декември 2024

Тешко повреден малолетник, откако врз него паднал рефлектор во забавен парк во с. Ново Село

Тешко повреден малолетник, откако врз него паднал рефлектор во забавен парк во с. Ново Село

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Во забавен парк во струмичко с. Ново Село малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднал рефлектор.

Како што информираат од МВР, денеска во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко. 

- Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К. (40) од Прилеп, се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/сст/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан