• сабота, 23 ноември 2024

Тетовски нуркачи учествуваа во еко-акција за вадење неколку тони отпад од Јадранското море во Шибеник

Тетовски нуркачи учествуваа во еко-акција за вадење неколку тони отпад од Јадранското море во Шибеник
Тетово, 9 октомври 2021 (МИА) - Членови на Македонско-хрватското друштво (МХД) и еколошко - нуркачкиот клуб „Пена“ од Тетово минатата недела беа дел од еколошката акција во Хрватска, каде се собрани неколку тони отпад од Јадранско море. Еко акции биле спроведени во Молунат и Шибеник. - Овој пат имавме вкупно четири нуркачки активности, на повеќе локации, меѓу кои и во подводната пештера кај Молунат. Ние учествувавме со шест членови на друштово и клубот „Пена“. При главната еколошка акција во Шибеник, собрани беа неколку тони отпад од морето, од различен вид: пластични шишиња, стакло, автомобилски гуми, тоалет-школки и др, информира Горан Видачек, претседател на МХД. Делегацијата на МХД при неколкудневната посета на Хрватска оствари и повеќе средби со претставници на тамошни клубови и организации, гостуваа на изложба и промоција на книга. ас/мс/

Остани поврзан