• вторник, 05 ноември 2024

Тетовска наставничка доби француско одличје „Витез од редот на академски палми“

Тетовска наставничка доби француско одличје „Витез од редот на академски палми“

Тетово, 23 јуни 2021 (МИА) - Наставничката по француски јазик во ОУ „Лирија“ во Тетово, Мимоза Цека минатата недела доби одликување од францускиот амбасадор насловено „Витез од редот на академски палми“ за нејзината работа и посветеност на наставата по француски јазик во земјава. Ова одликување е воспоставено во 1808 година, а се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието.

-Оваа скапоцена титула на државата Франција, создадена во 1808 година, која има за цел да ги почести истакнатите членови на образовната заедница, ја одликува и со право ја цени големата инвестиција на Мимоза Цека во нејзините ученици, во Француската алијанса во Тетово, како и локалната заедница, за да го оживеат францускиот јазик и франкофонијата во градот Тетово, во полошкиот регион и пошироко, низ целата земја. Одличен говорник на француски јазик, одличен учител и почитувана колешка, Мимоза Цека никогаш не престана да инвестира хумано и професионално во предавање на француски јазик и пренесување на франкофонски култури и вредности. Ова одликување е плод на нејзината напорна работа, нејзината непоколеблива посветеност и нејзините жртви, информираа денеска од Француската алијанса во Тетово.

Наставничката Мимоза Цека беше одликувана од францускиот амбасадорот во земјава Сирил Бомгартнер. Покрај во основно училиште, наставничката Цека активна е и во Француската алијанса каде ја има и функцијата на потпретседателка. ас/мд/

 

Остани поврзан