• петок, 27 декември 2024

Тетовската професорка Рабије Мурати дел од листа на 100 највлијателни жени во светот

Тетовската професорка Рабије Мурати дел од листа на 100 највлијателни жени во светот

Тетово, 27 јануари 2022 (МИА) - Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати е избрана меѓу 100 жени со најголемо влијание во светот од страна на АЛЛ (АLL Ladies League) - мултинационално движење на Глобалното сестринство. 

Таа е дел од групата наречена Г100 каде се именувани жени лидерки во различни сектори. На листата се и повеќе жени од Северна Македонија, а професорката Рабије Мурати е вклучена поради нејзините достигнувањата во сферата на науката. Таа е доктор на педагошки науки, долгодишен редовен професор на Универзитетот во Тетово и продекан на Педагошкиот факултет.

- Идејата на ова меѓународно движење е како да се зајакнат жените на глобално ниво и се залагаме за еднакви права и можности на жените и мажите. Во оваа група членуваат жени кои се докажани во својата струка, во општеството, на научно ниво итн. Сакаме да ги поттикнеме жените да дојдат до израз и да дадат придонес во насока тоа што повеќе да се цени и вреднува жената. Ги охрабруваме сите жени да направат напор, секоја во својата бранша да создадат што поголеми капацитети. Г100 е еминентна група на 100 жени лидери и посилни во свет со визија за да влијаат во иднина, изјави проф. д-р Рабије Мурати.

Проф. д-р Мурати е претседателка на регионалното седиште на АЛЛ за Полошкиот регион во секторот за комуникации и застапување.ас/фф/

Остани поврзан