Тетовската полиција потсетува на забраната за лов, предвидени се и казни затвор за непочитување
- Тетовската полиција по завршување на ловната сезона апелира ловџиите да ја почитуваат забраната за ловење дивеч која е на сила од 1 февруари. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува де
Тетово, 10 февруари 2021 (МИА) - Тетовската полиција по завршување на ловната сезона апелира ловџиите да ја почитуваат забраната за ловење дивеч која е на сила од 1 февруари. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ловењето во период на ловостој претставува кривично дело „незаконит лов“, за кој е предвидена парична или затворска казна од една до три години, во зависност од тоа каде и што поконкретно е отстрелано.
-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до ловџиите и риболовците доследно да ги почитуваат законските прописи и самоволно да не ги кршат, дотолку повеќе што веќе се интензивирани контролите на полошките простори и против сите кои на еден или друг начин ќе се однесуваат спротивно на законот, ќе следуваат поднесоци и соодветни санкции, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
Од први овој месец и на ловиштата во поширокиот полошки регион стапи во сила таканаречениот ловостој, односно воведена е забрана за ловење дивеч, освен прелетна и штетна дивеч. Штетната дивеч, според Законот за лов, ќе може да се лови исклучиво со групни дозволи, односно во посебно организирани хајки. ас/сст/