• петок, 22 ноември 2024

Тер Штеген мора да го оперира коленото

Тер Штеген мора да го оперира коленото


Барселона, 23 септември 2024 (МИА) – Голманот на германската репрезентација и на Барселона, Марк-Андре тер Штеген денеска ќе го оперира коленото, откако се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал (5-1) и поради тоа би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Тер Штеген тешко го повреди коленото на натпреварот од шпанското првенство против Виљареал, а по денешните тестови беше утврдено дека има „целосно кинење на пателарната тетива“ на десното колено, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми пренесуваат дека закрепнувањето би требало да трае до осум месеци, што значи дека германскиот голман би можел да го пропушти остатокот од сезоната. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан