• понеделник, 23 декември 2024

Теохарис: На копнените гранични премини позитивни се 0,01 отсто од тестираните

Теохарис: На копнените гранични премини позитивни се 0,01 отсто од тестираните
Атина, 14 јули 2021 (МИА) –Нашата земја не е во опасност од туризмот, нема зголемување на новите случај поради отворањето на границите, истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис говорејќи на конференција организирана од Комората на хотелиери на Грција и министерството за туризам, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис ги претстави и податоците, односно резултатите од случајните тестирањата на сите влезни точки во земјата во првите десет дена од јули. Од 105.609 направени тестови, позитивни биле само 74, односно 0,07 отсто од тестираните. -На копнените граници констатиравме уште понизок индекс на позитивност, 0,01 отсто, на пристаништата 0,07 проценти и на аеродромите 0,09 отсто. Мислам дека е очекувано, знаевме и претходно, а веќе се докажува и со податоците, дека туристите од земји како што е САД на пример, со висок број на вакцинирани имаат и најмал број позитивни случаи, рече Теохарис и објасни дека просечната возраст на оние кои биле позитивни на сите влезни точки во земјата е 35,9 години, а 58 отсто се мажи и 42 проценти жени. Министерот за туризам на Грција истакна дека овие податоци се особено важни и за хотелиерскиот сектор, со оглед на тоа дека покажуваат дека „зголемувањето на случаите на Ковид-19 во Грција не е поврзано со туризмот“. ср/јт/

Остани поврзан