• петок, 21 јуни 2024

Теодосиќ уште една сезона во Црвена ѕвезда

Теодосиќ уште една сезона во Црвена ѕвезда


Белград, 13. јуни 2024 (МИА) – Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Милош Теодосиќ денеска го продолжи договорот со белградскиот тим за уште една сезона.
„Останувањето лидерот на овој тим на теренот и во соблекувалната е огромно засилување за Црвена Звезда, за која Милош ја одигра претходната сезона со голем успех, но и со мотив и желба да му помогне на клубот и на тимот“, соопшти попладнево Црвена ѕвезда.
Изминатата сезона Црвена ѕвезда ја одбрани шампионската титула во Србија, а ги освои трофеите и во АБА лигата и националниот куп.
Во текот на својата кариера, Теодосиќ освои 19 трофеи во Србија, Грција, Русија и Италија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан