• недела, 30 јуни 2024

Теодосиќ - МВП во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокуп

Теодосиќ - МВП во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокуп
Болоња, 5 јануари 2021 (МИА) – Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот. Триесет и тригодишниот српски кошаркар имаше просек од 14,6 поени и 6,4 асистенции по натпревар. Во исто време, Виртус стана единствениот тим кој не доживеа ниту еден пораз во групната фаза од сезоната (10-0). Теодосиќ, кој исто така беше МВП во сезоната 2019/20, стана првиот играч кој оваа награда ја освои двапати. зс/

Тагови

Остани поврзан