• понеделник, 23 декември 2024

Теодорикакос: Уапсено едно лице за подметнување пожар на Пелопонез

Теодорикакос: Уапсено едно лице за подметнување пожар на Пелопонез
Атина, 25 јули 2022 (МИА) – Во изминатите 20 дена во регионот Илиа избувнаа 15 пожари и никој не верува дека ова се случува случајно, рече министерот за цивилна заштита на Грција надлежен за полицијата Такис Теодорикакос за време на посетата на конкретниот регион на Пелопонез и откри дека уапсено е едно лице за подметнување пожар, јави дописничката на МИА од Атина. Теодорикакос истакна дека „очигледно е дека има подметнати пожари, дека постојат планови“, но додаде дека тие мора да сторат сè за пронаоѓање на виновниците. -Веќе е уапсен еден граѓанин, кој е обвинет за подметнување пожар и кој ќе одговара на суд. Предизвик за локалната заедница, за општината, за регионот, а особено за полициските и противпожарните власти е да ги пронајдат виновниците за овие подметнати пожари и да ги достават до правдата, рече министерот. Министерот е во регионот Илиа на Пелопонез, каде што од вчера е активен голем пожар во кој, меѓу другото, интервенираат 180 пожарникари, меѓу кои и германски пожарникари, а помагаат и 120 полицајци. ср/сд/

Остани поврзан