• недела, 21 јули 2024

Тен Хaг за кавгата со Санчо: Повлековме линија и продолжуваме понатаму

Тен Хaг за кавгата со Санчо: Повлековме линија и продолжуваме понатаму

Манчестер, 20 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, јасно стави до знаење дека ќе се потпре на Џејден Санчо.

Англискиот интернационалец имаше спор со стручњакот во минатата сезона и играше како позајмен во Борусија Дортмунд, каде остави добар впечаток.

-Зборувавме добро со Санчо. Секој може да направи грешка. Повлековме линија и продолжуваме понатаму. На овој клуб му требаат добри играчи и едно е сигурно - Џејден е многу добар играч. Се надевам дека ќе игра и ќе придонесе за нашиот успех - изјави Тен Хаг. дс

Фото: Архива

Остани поврзан