• вторник, 02 јули 2024

Тен Хаг сака поефикасен Манчестер јунајтед во новата сезона

Тен Хаг сака поефикасен Манчестер јунајтед во новата сезона

Манчестер, 20 јули 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е задоволен од вчерашната победата (1:0) на тимот над Лион на натпреварот одигран во Единбург.

 

Сепак, Тен Хаг им забележа на своите избраници дека мора да ја подобрат ефикасноста која според него беше проблем мината сезона.

 

- Треба да постигнуваме повеќе голови. Истиот проблем го имавме и минатата сезона. Фудбалерите треба да разберат дека во последната фаза од нападот е неопходно да се биде поладнокрвен и немилосрден. Слабата ефикасност мора да се надмине во новата сезона, изјави Тен Хаг.

 

Манчестер јунајтед минатата сезона заврши на третото место во Премиер лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан