• среда, 18 декември 2024

Тен Хаг постави анти-рекорд на сите времиња

Тен Хаг постави анти-рекорд на сите времиња

Манчестер, 2 септември 2024 (МИА) - Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја започнаа сезоната катастрофално, но нивниот менаџер Ерик тен Хаг не е вознемирен.

По неделниот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, втор во првите три кола од Премиер лигата, Холанѓанецот изјави дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе освојуваат трофеи и уште повеќе ги збесна навивачите на англискиот великан кои веќе бараат негова оставка.

По почетниот триумф против Фулам (1:0), Јунајтед во претходното коло загуби од Брајтон (2:1) и го повтори неславниот старт на шампионатот од сезоната 2023-24. Така, Тен Хаг стана првиот клупски тренер во историјата кој бил двапати поразен во воведните три натпревари од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ загубија од Брајтон и Брентфорд минатата сезона.

По репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед гостува кај Саутемптон, повратникот во елитното друштво, кој заедно со Евертон е единствениот кој се уште нема освоено бодови. дс

Фото: Фејсбук/Манчестер јунајтед

Остани поврзан