• недела, 22 декември 2024

Тен Хаг задоволен од почетокот на кариерата на Зиркзе во Манчестер Јунајтед

Тен Хаг задоволен од почетокот на кариерата на Зиркзе во Манчестер Јунајтед

Манчестер, 23 август 2024 (МИА) - Менаџерот Ерик тен Хаг е задоволен од почетокот на кариерата на Џошуа Зиркзе во англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед и се надева дека добрата игра на напаѓачот ќе продолжи и во следното коло од Премиер лигата против Брајтон.

Зиркза, кој пристигна од Болоња минатиот месец, го постигна победничкиот гол во победата од 1:0 против Фулам минатиот викенд.

-Секогаш е убаво кога новиот напаѓач на тимот ќе даде гол на првиот натпревар. Тоа ќе му даде самодоверба. Погледнете ја разликата со Расмус Хејлунд од минатата година. Тој постигна гол против Брајтон, но пет минути подоцна ВАР го поништи голот поради аут при асистенцијата. Расмсус потоа мораше да чека три месеци за да го постигне својот прв гол. Тоа сигурно ќе му помогне на Зиркзе. Тој веќе го постигна својот прв гол и го подигна целиот тим. Исклучително добар напредок за сите, истакна Холанѓанецот на прес-конференција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан