• четврток, 09 мај 2024

Тениски фестивал за деца утре во Скопје

Тениски фестивал за деца утре во Скопје

 

Скопје, 29 март 2024 (МИА) – Тениски фестивал за деца ќе се одржи утре во Градскиот парк во Скопје во периодот од 11 до 15 часот.

Организатор на настанот е Тениската федерација на Македонија (ТФМ) која најави повеќе спортски активности на неколку станици кои ќе вклучат изведба на моторички вежби и игри за загревање, како и можност за игра на мини терени.

„Целта на овој настан е промоција и запознавање на најмалите генерации со тенисот како спорт и презентација на најосновните движења и техники во тенисот“, соопшти ТФМ.

На детскиот тениски фестивал ќе бидат присутни и македонските репрезентативки во Били Џин Кинг купот. ег ФОТО: ТФМ

Остани поврзан