• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Мицотакис - Ердоган за состојбата во Авганистан

Телефонски разговор Мицотакис - Ердоган за состојбата во Авганистан
Атина, 20 август 2021 (МИА) – Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, вечерва ќе имаат телефонски разговор за последните случувања во Авганистан, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. За евентуалниот нов мигрантски бран од Авганистан кон Европа, ставот на официјална Атина, изразен и од министерот за миграција и азил Нотис Митаракис и од владиниот портпарол Јанис Иконому е дека Грција нема да дозволи да биде порта за влез на мигранти и нема повторно да ги живее истите сцени со мигрантите како во 2015 година. На вчерашниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, рече дека Грција, нејзините активности ќе ги усогласи со Европска Унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заедничко справување со ситуацијата и со евентуалната хуманитарна криза што би произлегла и било побарано „јасно да им биде ставено на знаење и на трети земји и на Турција дека нема да се толерира никаква инструментализација на конкретната ситуација“ - Сигурно е дека нема да дозволиме земјата да ги доживее сцени од 2015 година, ниту на островите, ниту на другите влезни точки, ниту на автопатите, ниту на железничките линии, ниту во урбаните средини, рече портпаролот на грчката Влада додавајќи дека Грција нема повторно да биде простор во кој секој ќе прави што сака. ср/ми/

Остани поврзан