• вторник, 05 ноември 2024

Телефонски разговор Вучиќ-Сиљановска Давкова: На Илинден заедно во манастирот Прохор Пчински

Телефонски разговор Вучиќ-Сиљановска Давкова: На Илинден заедно во манастирот Прохор Пчински

Белград, 23 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Србија денеска телефонски разговарал со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова и притоа е договорена заедничка посета на манастирот Прохор Пчински на Илинден, јави дописникот на МИА од Белград.

-Срдечен разговор со претседателката @gordana_siljanovska_davkova за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економските односи, како и за местото на Србија и Северна Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и взаемната поддршка на на #ЕУ патот. Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарот, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчински на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.

Вучиќ, како што се наведува во објавата, ја искористил можноста да ја покани неговата почитувана колешка да ја посети Србија, за да се конкретизирираат некои од плановите кои ќе ја подигнат взаемната соработка на повисоко ниво. об/ев/

ФОТО: Instagram buducnostsrbijeav

Остани поврзан