• среда, 03 јули 2024

Телефонски разговор Блинкен – Кулеба  

Телефонски разговор Блинкен – Кулеба  

Вашингтон, 21 јануари 2020 (МИА) -  Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Димитриј Кулеба, фокусиран на руското воено натрупување на украинската граница. 

Во текот на разговорот, секретарот го брифираше министерот за средбите со сојузниците и со руски официјални лица неделава во Берлин и Женева, истакнувајќи дека каков и да било упад на руска војска би бил пресретнат со брз, жесток и обединет одговор од САД и сојузниците, соопшти портпаролот Нед Прајс.   

-Државниот секретар повторно истакна решителната поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и укажа дека нема да се донесе одлука за Украина без Украина, изјави Прајс. кб/ 

Остани поврзан