• сабота, 21 декември 2024

Телеграф: За две недели Велика Британија и ЕУ ќе објават нов царински договор за Северна Ирска 

Телеграф: За две недели Велика Британија и ЕУ ќе објават нов царински договор за Северна Ирска 

Лондон, 14 февруари 2023 (МИА) - Нов договор за решавање на спорот меѓу Велика Британија и Европската Унија околу трговските правила во Северна Ирска по Брегзит би можел да биде објавен за две недели, објави Телеграф.

Според новиот план, стоките што патуваат од Велика Британија до Северна Ирска нема да бидат предмет на физичка царинска контрола благодарение на системот на црвени и зелени сообраќајни ленти, наведува весникот. Пошироката рамка на договорот чека конечно одобрување од Даунинг стрит, објави Телеграф, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

Протоколот за Северна Ирска, кој треба да го заштити единствениот пазар на ЕУ без создавање копнена граница на ирскиот остров, ја попречува трговијата меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство откако стапи во сила во 2021 година.

Исто така, се очекува во заедничката изјава за постигнатиот договор да биде најавена нова одредба за улогата на Европскиот суд на правдата во Северна Ирска, во која ќе се нагласи дека овој суд ќе се користи само како последно средство во споровите меѓу Велика Британија и ЕУ. ссм/

Остани поврзан