• петок, 22 ноември 2024

Телеграма со сочувство од Џафери по повод смртта на кралицата Елизабета Втора

Телеграма со сочувство од Џафери по повод смртта на кралицата Елизабета Втора
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери испрати телеграма со сочувство до Линдсеј Хојли, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора. - Граѓаните на мојата земја во овие моменти заедно со народот во Обединетото Кралство како и ширум светот, заедно ја споделуваат тагата околу заминувањето на Кралицата Елизабета II и со почит ќе се сеќаваме на нејзините дела и огромен придонес за севкупниот развој и демократскиот просперитет на Вашата голема нација, пишува Џафери. „Примете ги уште еднаш екселенцијо изразите на моето длабоко сочувство“, се вели во телеграмата. ки/дма/      

Остани поврзан