• понеделник, 23 декември 2024

„Текстилијада 8“ почнува од утре

„Текстилијада 8“ почнува од утре

Штип, 2 октомври 2024 (МИА) - Ова ќе биде една од најголемите „Текстилијада 8“ и по обем на настани, број на активнисти, истакна на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. „Текстилијадата“ почнува од утре, кога гостите од Шведска ќе имаат можност да се запознаат со капацитетите на Штип како текстилен и универзитетски град.

Официјалното отварање на „Текстилијадата“ е во петок, на кое ќе присуствува Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, истиот ден на дебата ќе присуствува и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Ампева посочи дека во петок че се откриие и скулптурата кај ООУ „Ванчо Прќе“, кое е дело на познатиот македонски вајар Никола Смилков. Во програмата се планирани панел дискусии, гости од државата и странство и можост да се подигне свеста кога е во прашање текстилната индустрија.

-Ова ќе биде една од најголемите „Текстилијади“ и по број на активности и по квалитет на програма. Овде се и панел дискусиите и на наше големо задоволство претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе го отвори настанот, вели Ампева.

Таа додаде дека на „Текстилјада 8“ ќе има четири панел дискусии, на кои најавено е дека ќе присуствуваат претставници и директори на институции и ќе се дебатира како да се подобри соработката, но и да се почитуваат работничките права.

На „Текстилијада 8“ ќе има и низа на културни настани. Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“ истакна дека беше распишан и литературен конкурс на тема „човекови права“, а пристугнале околу 30 творби.

Во програмата е вметната и кратка аудио визуелна театарска престава, а ќе биде откриена и скулптурата „Зашиени емоции“. Традиционално како и секоја година е изработен и весник „Текстилец“ посветен на вредните луѓе од текстилната и кожарската индустрија.

-На самите маргини од овогодинешната „Текстилијада“ ќе ги имаме и изложбата на стрипот „Гласна синдикалка“. Имаме за цел да им прикажеме на работниците дека им е потребна на некој начин херојка за нивна организација, изјави Дишоски.

Годинава во „Текстилијада 8“ се вклучува и Општина Штип. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција рече дека во петок ќе се реализира и форум на градоначалници на кои ќе говарат градоначалници од општини во кои главно е застапена текстилната индустрија.

-Во однос на „Текстилијадата“ сакам да кажам дека општината ќе биде активно вклучена во текот на целиот настан, затоа се поканети гости од АКТЕ, а ќе учествуваме и во еден форум на градоначалници, вели Шорова-Ангелова.

Токму ваквата соработка со членките на АКТЕ придонесе годинава општината да организира и Денови на модата, да ги претстави брендовите на штипските компании, но и креациите на младите дизајнери и студенти.

-Општина Штип како и останатите Општини кои беа дел од организацијата ги имаат истите предуслови за развој на текстилната индустрија. Тоа значи дека во најголем дел од овие градови имаат и средно текстилно училиште, имаат и академии и факултети во областа на текстилната индустрија и тоа се основните предуслови за развој на оваа индустрија. Ние ги имаме сите основи за овозможување на развој за овој сектор, вели Шорова-Ангелова.

 Во рамки на членството во Штип во АКТЕ се организираа и штипските модни денови. Се работи и на заеднички проекти за справување со текстилниот отпад. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан