• недела, 22 декември 2024

Тедрос: Речиси сите во Газа се гладни

Тедрос: Речиси сите во Газа се гладни

Њујорк, 18 октомври 2024 (МИА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека речиси сите во Појасот Газа се гладни, нарекувајќи ја оваа ситуација „нехумана.

„СЗО повикува на итен пристап до целата хуманитарна помош, започнувајќи од храна и лекови за тешко неисхранети деца, на кои им е потребен итен третман,“ напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа Икс.

СЗО продолжува да повикува на прекин на огнот, бидејќи „најдобриот лек е мир,“ додаде тој.

Од 2006 година, Израел ја Газа под блокада, претворајќи го регионот во тоа што многумина го нарекуваат најголемиот отворен затвор во светот.

Израел ја продолжи офанзивата на Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот. Од тогаш загинаа повеќе од 42.400 луѓе, претежно жени и деца, а над 99.100 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израелскиот напад го расели речиси целото население на Појасот Газа, среде тековната блокада која доведе до големи недостатоци на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите постапки во Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан