Тедрос повика на итен прекин на огнот во Газа
- Поздравувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемена помош за Газа, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека „итен прекин на огнот“ е „најитното барање“.
Њујорк, 23 декември 2023 (МИА) - Поздравувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемена помош за Газа, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека „итен прекин на огнот“ е „најитното барање“.
I welcome the recent resolution passed by the UN Security Council addressing the Gaza crisis. The resolution highlights the need for urgent pauses and humanitarian corridors to ensure the safe delivery of food and health supplies to those in need. Additionally, it demands the… https://t.co/oNvCTEKuBe
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) December 22, 2023
„Досегашната катастрофална бројка од војната не може да се игнорира, вклучително и загубата на над 20.000 животи, главно жени и деца, и над 53.000 повредени“, порача Тедрос на платформата Х (Твитер).
Заканата од глад и ширење на болести е голема“, напиша меѓу другото генералниот директор на СЗО. ссм/
фото: архива