• сабота, 29 јуни 2024

Театарската претстава ,,Доживувањата на Куферко" прикажана во Делчево

Театарската претстава ,,Доживувањата на Куферко

Делчево, 8 октомври 2023 (МИА) - Независната театарска продукција ,,Артленд и Бејби Арт Продукција" денеска во Делчево ја прикажа театарската претстава ,,Доживувањата на Куферко".

Режисерот Трајко Јордановски изрази задоволство од интеракцијата на дечињата, кои со големо внимание ја проследија приказната за доживувањата на Куферко - Светскиот патник од Македонија.

-Денеска имавме чест да бидеме тука со доживувањата на Куферко, тоа е продолжение на првиот дел за славниот Куферко, кој за жал го немаме играно овде. Од него произлезе и вториот, а сега со конкурсот на Министерството ќе имаме трет дел, што значи дека повторно ќе се дружиме. Задоволни сме затоа што на децата им беше многу интересно, концентирано ја проследија претставата, така што, веројатно, оваа соработка ќе продолжи и понатаму, истакна Јордановски.

Организатор на претставата беше Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров" од Делчево чиј програмски раководител Методи Толевски најави дека соработката ќе продолжи и во 2024 година.

-Соработката со Трајко и Симона сигурно ќе продолжи, до Нова година договоривме да одиме уште до две претстави, од кои едната ќе биде новогодишна,а  тоа е претставата Пет и Еко. Зааеднички  ќе поднесеме проекти и за 2024 година, така што сè што ќе правиме заедно, ќе правиме на радост на дечињата, рече Толевски.

Автор на претставата е Симона Ристевска, а во тимот актери се Марко Новески, Ристина Николова и Димитрина Мицкоска Трајкоска.

Претставата е поддржана од Министерството за култура. вс/љм/

Фото: МИА 

Остани поврзан