• сабота, 23 ноември 2024

Теарце наскоро ќе добие фекална канализациона мрежа

Теарце наскоро ќе добие фекална канализациона мрежа
Теарце, 26 јули 2021 (МИА) – Во Општина Теарце во тек се работите за поставување фекална канализациона мрежа со која се очекува се надминат постојните проблеми со кои населението од ова село се години се среќаваше. Денеска Општината ја посети министерот за животна средина Насер Нуредини, кој од страна на градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани беше запознаен со текот на работите. - Ова е значајна работа за нашата Општина. Изградбата на фекалната канализациона мрежа е на барање од сите жители на Теарце. Ние како локална самоуправа сме подготвени со изработена техничка документација, покрај овој, да реализираме и многу други проекти. Секако за ова наидуваме на голема поддршка од централната власт, изјави градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани. Министерот Нуредини се запозна со текот на изградбата на фекалната канализација, а вети и помош од централната власт за секој добар проект, како што е овој, што ќе се достави до нив. - Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа на 26 улици (краци). Вкупна должина на канализационата мрежа за сите 26 краци изнесува околу 11700 метри.  За реализација на овој проект, средствата во висина од приближно 52 милиони денари се обезбедини од Министерството за животна средина и просторно планирање, а иститот треба да биде целосно завршен во рок од 33 месеци.  Значи најдоцна до 2023 година жителите на Теарце треба да имаат функционален систем за одведување на отпадни води со што ќе се заштитат и подземните води, бунарите и генерално животната средина, изјави министерот Нуредини и нагласи дека како централна власт и понатаму ќе поддржуваат вакви и слични проекти. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа на која општинина од Охридскиот Регион, ќе и се даде приоритет во спроведувањето препораките од УНЕСКО, Нуредини изјави дека приоритет ќе му се даде на целиот Охридски регион. - Правиме сѐ што е потребно, а за тоа имаме рок од две години. Досега имаме напаравено многу работа, направен е менаџерскиот план, почнавме да ги отстравуваме диво изградените платформи а некои објекти кои немаат дозволи за градба исто така ќе бидат одстранети. Нема само Струга, нема само Охрид, секаде ќе се работи, нагласи министерот Нуредини. ас/цр

Остани поврзан