• петок, 22 ноември 2024

Таџикистан е во контакт со Москва поради наводна вмешаност на нејзини државјани во терористичкиот напад

Таџикистан е во контакт со Москва поради наводна вмешаност на нејзини државјани во терористичкиот напад

Душанбе, 23 март 2024 (МИА) - Таџикистан е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, изјави денеска портпарол на таџикистанското Министерство за надворешни работи.

Тој рече дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад во московската област.

Пратеникот на руската Државна дума, Александар Хинштајн денеска изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан, јави руската државна телевизија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан