• сабота, 23 ноември 2024

Тајланд: Угостители измамници осудени на 1.446 години затвор

Тајланд: Угостители измамници осудени на 1.446 години затвор
Бангкок, 11 јуни 2020 (МИА) - Суд во Тајланд осуди двајца сопственици на ресторан на 1.446 години казна затвор, поради измами околу нарачките на храна. Апичарт Боворнбанчарак и Прапасорн Боворнбанчарак биле уапсени откако стотици луѓе се пожалиле на измама. Имено, минатата година ресторанот за морски плодови „Лаемгејт“ почнал со интернет-промоција за плаќање на нарачана храна однапред. Скоро 20.000 луѓе нарачале со ваучери во вкупна вредност од 1,6 милиони долари... Сепак, компанијата подоцна објавила дека не може да одговори на побарувачката и ја затворила понудата. Луѓето платиле, а не ги добиле нарачките. Сопствениците се обвинети за измама и манипулации со лажни рекламни пораки.  си/

Остани поврзан