Тајван забележал кинески воени бродови на својот источен брег
- Тајванското министерство за одбрана соопшти дека забележало група кинески воени бродови предводени од носач на авиони денеска како пловат во водите крај неговиот источен брег во правец на најјужниот јапонски остров Јонагуни.
Тајпеј, 18 септември 2024 (МИА) - Тајванското министерство за одбрана соопшти дека забележало група кинески воени бродови предводени од носач на авиони денеска како пловат во водите крај неговиот источен брег во правец на најјужниот јапонски остров Јонагуни.
Кина, која го смета демократски управуваниот Тајван за своја територија, спроведува редовни вежби околу островот веќе пет години за да изврши притисок врз него да ја прифати превласта на Пекинг и покрај силните приговори од Тајпеј, соопшти агенцијата.
Тајванското министерство соопшти дека кинеските бродови, предводени од носачот на авиони Лиаонинг, биле забележани како пловат низ водите североисточно од Тајван во раните утрински часови. Групата потоа отплови југоисточно од јапонскиот остров Јонагуни, се вели во соопштението на Министерството.
Тајван ги следел бродовите и ги испратил своите сили на мониторинг, според истиот извор.
Јонагуни се наоѓа на нешто повеќе од 100 километри источно од Тајван и може да се види од островот на јасен ден. Лиаонинг е најстариот од трите кинески носачи на авиони. мс/
фото: МИА архива