• петок, 22 ноември 2024

Тајван длабоко жали за „провокативните забелешки“ на кинескиот министер за одбрана во Сингапур

Тајван длабоко жали за „провокативните забелешки“ на кинескиот министер за одбрана во Сингапур

Тајпеј, 2 јуни 2024 (МИА) - Тајванската влада соопшти дека длабоко жали за „провокативните и неразумни забелешки“ на кинескиот министер за одбрана,Донг Џун, на безбедносниот форум „Шангри-Ла“ во Сингапур, јавија британските медиуми.

„Кина постојано се заканува дека ќе употреби сила против Тајван на меѓународните форуми, а овие закани се во спротивност со Повелбата на ОН“, соопшти тајванскиот совет за прашања на копното (тајванската владина агенција задолжена за односите со континентална Кина).

„Објективен факт е дека двете страни на Тајванскиот теснец не се потчинети една на друга, а токму тоа е статус кво-то во Тајванскиот теснец“, посочи Советот.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан